РИТАМ НА ГРАДОТ

ВО ПАРКОТ НА ФРАНКОФОНИЈАТА: Фестивал на локална храна, добра музика и сеќавања

Денес од 12 часот до 20 часот во Паркот на Франкофонијата по 3.пат ќе се случува Фестивал на биодиверзитет: Коктел на вкусови, што го организира Слоу Фуд Водно со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Слоу фуд Македонија во своите редови ги има најдобрите производители кои ја бранат агендата поврзана со автентичната храна: ќе има околу 40 изложувачи од цела Македонија, од кои 21 од Скопје.
Овој пазар за храна на локалните производители вклучува и презентации, алкохолни, вински и пивски дегустации и секако- убаво дружење цел ден во најубавиот дел на Дебар маало.

На настанот ќе бидат презентирани сите можни вкусови, благо, солено, луто: гастрономски деликатеси во тегли, пинџур, џем, слатко, намази, се природно, со вкусови што ќе ве вратат во детство, потоа- традиционалните козји, кравји и секакви сирења, сувомеснати производи сушени на дрва.. Ако не сте го запознале вкусот на тартуфите ова е можност да се вљубите во некој од производите на оваа чудесна печурка, да вкусите органско масло од лешник, природни сокови, масла, домашни ракии, занаетчиски пива, вина од мали семејни винарии…

“Звучи примамливо, но сите овие производи не се само поезија и пејзаж, туку економија, грижа за почвата, планинските и маргиналните области, обнова на напуштените земјишта“, велат организаторите.

Освен дегустација на производите кои ќе можат и да се купат, во програмата на фестивалот ќе има претставување на крафт пиварии, најдобрите коктел мајстори ќе приготвуваат коктели од пијалоци на локалните производители а најмладите ќе имаат катче со работилница од програмата на проектот Училишни градини на Слоу Фуд.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

Изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности Скопје

Вечерва од 19.00 часот во „Сули ан“ Скопје ќе се отвори изложба со...

РИТАМ НА ГРАДОТ

„Candlelight“ – концерт под свеќи на Профундус и виолинист Марио Хосен во Филхармонијата

Илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Филхармонијата на која вечер во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Улични живи статуи и музика во понеделник во центарот на Скопје

Идниот понеделник, 15 април со почеток од 18:30ч. на улица Македонија во центарот...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Илјадници свеќи на сцената на Филхармонија овој петок за премиерното издание на „Candlelight“ – концертот под свеќи

Овој петок илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Македонската филхармонија на...