КУЛТУРА

Прв роденден на „Поетска епизода“ со поетско читање „Ново читачко лето“

Во сабота (17 јуни) во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 21 часот ќе се одржи новото издание на „Поетска епизода“. Оваа епизода е прв роденден на настанот, а ќе биде одбележана со поетско читање на поезија од поети кои оваа година издадоа нови стихозбирки или, пак, нивни збирки добија македонски преводи.

Во оваа епизода ќе учествуваат тројца интернационални гости: Ернесто Ередеро дел Кампо од Шпанија, Марио де Роза од Италија и Надија Реброња од Србија, како и четворица домашни поети и поетеси: Александра Спасеска, Павлина Атанасова, Јосип Коцев и Перица Сарџоски.

Настанот ќе биде модериран од младите поети Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Велинова, а по читањето Ајнур Касо ќе пушта своја селекција од музика.

„Поетска епизода“ како концепт започна пред точно една година како проект на младите поети Андреј Медиќ Лазаревски и Ивана Јовановска, а во организација на неформалната младинска организација за култура „Култура Бета“. Идејата на овој настан е да ја промовира и афирмира македонска поезија и да даде глас на новите и млади поети и поетеси.

„Бидејќи македонската поетска сцена во последно време се зголемува, а просторот за изразување не е доволен, решивме да направиме простор – простор за новите гласови, за новите поети, простор за промоција на новите поетски дела, простор за храбро истапување и пуштање на својата поезија во етерот“ истакнуваат организаторите.

Во оваа година се случија 5 поетски читања, низ „Поетска епизода“ поминаа 40-тина поети, како настан „Поетска епизода“ беше дел од 50. роденден на МКЦ и со сигурност станува едно од позначајните поетски настани во Скопје.

Оваа епизода, како и претходната, е направена со поддршка на Europe House.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Министерството за култура го објави конкурсот за Град на културата за 2024 година

Министерството за култура го објави конкурсот за финансирање проект од национален интерес...

КУЛТУРА

Седмо издание на „Винодонија“ на 8. и 9. декември во Скопје

На 8 и 9 декември во Скопје ќе се одржи седмото издание...

КУЛТУРА

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ во Драмски театар Скопје

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ вечерва ќе се одржи во Драмскиот...

КУЛТУРА

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе, ќе се изведе на сцената на Националната...