АКТУЕЛНО

Демолирани повеќе детски игралишта низ Центар, Герасимовски најавува казни и до 2.000 евра за сторителите

Oштетени и искршени реквизити, заштитни огради на повеќе детски игралишта, откорнати подлоги и собрани зелени подлоги на фудбалски игралишта, детски игралишта испрскани со спреј е сликата низ детските катчиња во Општина Центар.

Пред извесен период родители до Општината пријавија дека на детското игралиште Славка Недиќ во Дебар Маало кај Дрвен има истурено уље. Ова детско игралиште беше целосно реконструирано пред неколку месеци и истото беше полно со деца од околните згради. Пред пет месеци целосно беше реконструирано спортско игралиште пред Кам Маркет со поставена нова вештачка трева на површина од 156м2, нова заштитна ограда и детски голови, а денеска има откорната подлога.

„Тажна е сликата да ги гледате детските игралишта во ваква состојба. Неколкупати досега апелирав на внимание и зачувување на детските реквизити и урбаната опрема. Некои од реконструираните игралишта не издржаа здрави ниту една недела. Тажно и срамно е ова што се прави. Детските игралишта и урбаната опрема се јавно добро за нашите најмили. Со нивно уништување покрај тоа што се ускратува правото на игра на децата се доведуваат и во опасност. За кршење и уништување на реквизитите на детските и спортски игралишта секако следуваат парични казни. Бараме поддршка од граѓаните како општина, сите кои ќе затекнат вандализирање и уништување на урбаната опрема случајот да го пријават во општината.“, вели Герасимовски.

Општина Центар ги известува граѓаните дека уништувањето на урбаната опрема претставува прекршочно дело за што следуваат високи парични казни. Согласно Законот за јавна чистота, поради обезбедување на јавна чистота на јавни површини по член 114 – а забрането е уништување на урбана опрема (клупи, фонтани, билборди, опрема на детски игралишта). За уништување на урбана опрема општинската комунална инспекција изрекува прекршочни глоби во висина од 150 евра во денарска противредност за физички лица или од 1.000 до 2.000 евра во денарска противредност за правни лица и 300 евра за одговорното лице.

Со цел да ги зачуваме детски игралишта и го заштитиме јавното добро Општина Центар ги повикува и месните и урбаните заедници да се вклучат во подигањето на свеста за зачувување на урбаната опрема, како и да се вклучат во конкретни активности кои ќе придонесат за подобрување на актуелната состојба.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Град Скопје воведува нова биокомпостара за ефикасно третирање на органскиот отпад

Градоначалничката на Град Скопје, заедно со екипи од скопските јавните претпријатија, ја...

АКТУЕЛНО

4.700 основци од Бутел ќе добијат бесплатни униформи

4.700 основци на територија на општина Бутел ќе добијат бесплатни училишни униформи....

АКТУЕЛНО

БУБАМАРАТА НА ДНК СЕ ПРОДАДЕ ЗА 250 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: Донирани 690 илјади денари за лекување на младиот Леонид

Групата ДНК ја објавија на лицитација бубамарата што ја добија, со цел...

АКТУЕЛНО

Наредната сезона ќе профункционира градинката „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за...