АКТУЕЛНО

252 тони отпад собрани во акцијата за чистење на 51 општина

Над 252 тони отпад се собрани во рамките на еколошката акција „Генералка викенд“ што од 12 до 14 мај по трет пат се спроведе во 51 општина и повеќе од 300 училишта и градинки низ државата. Во акцијата се исчистени повеќе од 304 локации, со учество на 15.811 волонтери, што покажува дека бројот на учесници е речиси двојно зголемен во споредба со минатата година. Според резултатите секој волонтер во просек собрал по 16 килограми отпад.

„Податоците од собраниот и селектириран отпад го покажуваат токму она што сакаме јасно да се види: од вкупно 252 тони, само 55.5 тони завршија на депонија, а останато има употребна вредност и се искористи како потенцијална секундарна суровина, кажаа министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најави дека за секои 10 килограми собран отпад ќе биде посадено по едно дрво наесен, со што се дава придонес во создавањето нов живот. Согласно постигнатите резултати  ќе бидат засадени околу 25.000 дрвја.

Еко-акцијата е организирана од „Пивара Скопје“ и „Пакомак“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Со индекс на загаденост 161, воздухот во Скопје е оценет како „нездрав“

Во главниот град  се измерени 161 микрограми на кубен метар ПМ 2,5...

АКТУЕЛНО

Повторно евтина дневна тарифа на струјата за домаќинствата

Домаќинствата почнувајќи од денеска во периодот од 13 до 15 часот повторно...

АКТУЕЛНО

По 60 години се испитуваат магистралните цевководи за Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска, како што стои во соопштението, ја промовирала изработката на...

АКТУЕЛНО

Традиционално осветлување на Новогодишната елка во Скопје Сити Мол

Влезете во светот на чудата во Скопје Сити Мол овој декември. Во 18:30...