КУЛТУРА

„ТИШИНА“ ОД ЈЕЛЕНА НИКОДИНОСКА ЧАПОВСКА Е НОВОТО ОСВЕЖУВАЊЕ НА ДОМАШНАТА КНИЖЕВНА СЦЕНА

Романот „Тишина“ од Јелена Никодиноска Чаповска е новиот наслов што излезе во издание на Паблишер и заблеска на домашната книжевна сцена.

По одличната промоција што се одржа на 13 јуни, многумина од идните читатели уживаа во разговорот меѓу авторката и уште еден истакнат македонски автор, Ѓоко Здравески, а допрва ќе го доживеат романот, со кој оваа писателка го почнува својот пат во книжевноста.

„Тишина“ е првиот поголем чекор во литературниот свет за Јелена Никодиноска Чаповска. Претходно има објавено неколку есеи и преводи во книжевното онлајн списание „Блесок“. Особено големо влијание врз нејзината проза имаат оставено студиите на факултетот Париз III Нова Сорбона, како и Тексашкиот универзитет во Остин (САД) каде ги заокружила магистерските студии по англиски јазик и книжевност.

Во „Тишина“ се провлекува темата на мајчинството. Преку анализа на комплексните психички состојби на човечката природа што му се случуваат на поединецот по доживеана траума, се отвораат содржини што сè уште се премолчуваат во нашето општество. Затоа, од Паблишер ве оставаат во добри раце на еден силен емотивен роман што ќе ви ги промени ставовите, а на многу жени може да им го промени и животот.

Романот можете да го најдете во сите книжарници на ТРИ и онлајн на kniga.mk.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

„Љубив во топка“- најновата книга на Ана Јовковска

„Љубов во топка“ е најновата книга на пистаелката Ана Јовковска која беше...

КУЛТУРА

ГЕРАСИМОВСКИ: Романот на Ксенија Николова „Зад маските” е уште една успешна приказна на општината

“Романот на Ксенија Николова „Зад маските” е уште една успешна приказна на...

КУЛТУРА

„Поетска епизода #10“ посветена на 100 години надреализам во Буква

Во кафе-книжарницата „Буква“ вечер во 20 часот ќе се одржи десеттата „Поетска...

КУЛТУРА

Концерт во рамки на фестивалот „Денови на македонска музика“ во НОБ

Со почеток во 20 часот во Националната опера и балет (НОБ), ќе...