КУЛТУРА

Изложба на чопери, илустрации, фотографии и музички перформанс во сабота во Парк на франкофонијата

Mанифестацијата CRUISE CULT – The Art of the motorcycle 2023 vol.2, ќе се оддржи во сабота 17.06.2023 год., во период од 12.00 ч. – 17.00 ч. во Парк на Франкофонија – Скопје.
Идејата на оваа манифестација е да се претстави уметноста на мотоциклистичката култура, како и да се претстави влијанието на мотoциклите врз културниот живот на луѓето во Македонија и регионот.
Главен акцент на оваа манифестација е спојувањето на уметноста и мото-културата односно на широката публика сакаме да и ја претставиме уметноста искажана преку мотоциклите и нивната индивидуална нота вметната од самите сопственици.
Програмата на манифестацијата за 17 Јуни 2023 г. ќе содржи Изложбен и Перформативен дел и дел со музички настапи на блуз и рок бендови.
12.00 ч. – 17.00 ч.
Изложба на најдобри примероци на мотоцикли од класите (chopper, customized, cruiser, bobber, trucker, café racer, rat bike, apocalypse, rare, classic.)
Изложба на илустрации, колажи, фотографии, Мобилна/Монтажна галерија
13.00 ч. – 15.00 ч. Перформанси: Airbrush and pinstripe – изработка на уметнички дела односно цртежи на самите мотоцикли со помош на воздушен пиштол и посебни четки.
13.00 ч. – 17.00 ч. Музички дел: Live Blues and Rock session

Манифестацијата е поддржана од Министерство за култура на РМ, Општина Центар и Центар за современи уметности – Скопје.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

„Љубив во топка“- најновата книга на Ана Јовковска

„Љубов во топка“ е најновата книга на пистаелката Ана Јовковска која беше...

КУЛТУРА

ГЕРАСИМОВСКИ: Романот на Ксенија Николова „Зад маските” е уште една успешна приказна на општината

“Романот на Ксенија Николова „Зад маските” е уште една успешна приказна на...

КУЛТУРА

„Поетска епизода #10“ посветена на 100 години надреализам во Буква

Во кафе-книжарницата „Буква“ вечер во 20 часот ќе се одржи десеттата „Поетска...

КУЛТУРА

Концерт во рамки на фестивалот „Денови на македонска музика“ во НОБ

Со почеток во 20 часот во Националната опера и балет (НОБ), ќе...