АКТУЕЛНО

ЖИТЕЛИТЕ НА ЛИСИЧЕ ДО МУЦУНСКИ: Очаен ви е обидот за политизација на протестот, се бориме против геноцидот кој го спремате

Жителите на населбата Лисиче му порачаа на градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски дека очајни му се обвинувањата за политизација на протестот против новиот Детален урбанистички план за населбата.

„Да го зачуваме Лисиче е единствена легитимна комшиска и надпартиска иницијатива која се бори против катастрофалниот предлог ДУП и чија едниствена цел е спречување на градежниот геноцид кој се спрема. Ги повикуваме сите да ни се приклучат во нашата борба  и за заедно да кажеме не на бетонизацијата на Лисиче“, велат од иницијативата „Да го зачуваме Лисиче“.

Според предлог ДУП-от во населбата која сега е само со куќи, се предвидуваат девет згради. Четири од нив се на булеварот Србија од кои три се осумкатници со приземје, 6 ката и поткровје, а зградата на ќошот меѓу булевар Србија и улицата 12. Македонска бригада е 12-катница со приземје, 10 ката и поткровје. Пет згради има на улицата 12.Македонска бригада, каде сега се куќи и со новиот план на сопствениците им се дозволува да кренат згради од приземје, 4 ката и поткровје.

„Не ни треба нов ДУП, затоа што тој ќе биде во корист на урбаната мафија, а не на жителиоте. Новиот план е смрт за населбата. Денеска сме тука да кажеме дека не сакаме бетонизација и ќе ја продолжиме борбата за да ја зачуваме населбата“, рекоа граѓаните на протестот кој се одржа во средата.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...