Скопската полиција во вчерашните контроли казни 194 возачи. Од нив 21 казна е изречена за возење повеќе од дозволената брзина, 12 мерки за возење без возачка дозвола и пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Освен овие, казнети се и 14 лица кои користеле мобилен телефон при возење, изречени се три санкции за минување на црвено светло, две санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила и друго, соопштуваат од МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Leave a comment