КУЛТУРА

Концерт на Филхармонија во Градскиот парк со музика од познати италијански филмови

„Животот е убав“ е насловен традиционалниот концерт на Филхармонијата кој вечер од 21 часот ќе се одржи во Градскиот парк. На програмата е музика од познати италијански филмови, а изведбата ќе биде надополнета со видеопроекции.

Концертот претставува спој на италијанската музика и филм, а на програмата се „Омаж на Федерико Фелини“, суита од филмот „Кум“, „Љубовна тема“ од филмот „Ромео и Јулија“ и музика од „Јулија и духовите“ од Нино Рота, музика од филмот „Анонимен венецијанец“ на Стелвио Чипријани, „Кучешки свет” од Р. Ортолани/Н. Оливиеро, тема од филмот „Животот е убав“ од Никола Пиовани, „Карузо“ од Лучио Дала, „Јулија и духовите“ од Армандо Тровајоли, „Звучен пејзаж“ од филмските теми на Енио Мориконе и суита од музиката за филмот „Мисија“, соопшти Филхармонија.

Диригент е Мириан Хухунаишвили од Грузија, а како солисти ќе настапат сопранистката Саломе Џикија од Грузија, Марио Стефано Пјетродарки на бандонеон од Италија и хорот „ПроАрс“

Концертот се реализира со поддршка на Италијанскиот институт за култура во Белград и Италијанската амбасада во Скопје и со него воедно ќе се одбележат 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Италија.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

На сцената на НОБ ќе се изведе современиот балет „Сага“

На сцената на Националната опера и балет на 16 април со почеток...

КУЛТУРА

Алиса Фини доаѓа на Саемот на книга во Скопје како гостинка на македонскиот издавач „Сакам книги“

По големиот успех на минатогодишниот Саем на книгата со еден од најчитаните...

КУЛТУРА

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

По повод 15 април, Светскиот ден на уметноста, Асоцијацијата за култура Икон...

КУЛТУРА

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ денеска и утре ќе се...