КУЛТУРА

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонија во парк

„Животот е убав“ е насловен традиционалниот концерт на Македонската филхармонија во Градскиот парк, кој годинава ќе се одржи на 15 јуни (четврток) во 21 часот.

На програмата е музика од познати италијански филмови, чија изведба ќе биде надополнета и со видео проекции.

Концертот претставува спој на италијанската музика и филм, а на програмата се „Омаж на Федерико Фелини“, суита од филмот „Кум“, „Љубовна тема“ од филмот „Ромео и Јулија“ и музика од „Јулија и духовите“ од Нино Рота, музика од филмот „Анонимен венецијанец“ на Стелвио Чипријани, „Кучешки свет” од Р. Ортолани/Н. Оливиеро, тема од филмот „Животот е убав“ од Никола Пиовани, „Карузо“ од Лучио Дала, „Јулија и духовите“ од Армандо Тровајоли, „Звучен пејзаж“ од филмските теми на Енио Мориконе и суита од музиката за филмот „Мисија“.

Диригент е маестро Мириан Хухунаишвили од Грузија, а како солисти ќе настапат сопранистката Саломе Џикија (Грузија), Марио Стефано Пјетродарки на бандонеон од Италија и хорот „ПроАрс“.

Концертот се реализира со поддршка на Италијанскиот институт за култура во Белград и Италијанската амбасада во Скопје и со него, воедно ќе се одбележат 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу РС Македонија и Италија.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Изложба на фотографии на украинска визуелна уметница Софија Чотирбок

Во Националната Галерија Мала Станица се отвара изложбата на фотографии насловена како...

КУЛТУРА

Традиционален „Зимски салон 2024“ на ДЛУМ во Чифте амам

„Интимност и интерконекција“ (Intimacy and Interconnection) е насловот на биеналната изложба „Зимски...

КУЛТУРА

„Кобалт Синергија“ во галеријата на МКЦ

Во галеријата на Младински културен центар во Скопје овој петок (23 февруари)...

КУЛТУРА

Театарскиот перформанс „Лилит“ во КСП Центар-Јадро

Денес со почеток во 20:00 часот во КСП ЦЕНТАР ЈАДРО, ќе се...