АКТУЕЛНО

ГРАД СКОПЈЕ И ПОНАТАМУ БЕЗ РЕШЕНИЕ: Три лица од кои едно дете вчера каснати од улични кучиња

Три лица од кои едно е дете вчера биле каснати и повредени од улични кучиња во Скопје.

Според билтенот на Министерството за внатрешни работи вчера во 22.00 часот во полициската станица Центар, Е.Г.(49) од Скопје пријавил дека на булеварот Кузман Јосифовски-Питу бил каснат од куче скитник. Во 17.20 часот во полициската станица Аеродром, И.М.(35) од Скопје пријавила дека на улицата Тоше Проески била касната од куче скитник. Истиот ден околу 19.30 часот  во полициското одделение Шуто Оризари, И.Е.(29) од Скопје пријавил дека на улица Брсјачка буна неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Во билтените на МВР речиси секој ден има пријави за граѓани каснати од кучиња скитници. Град Скопје и ЈП „Лајка“ немаат решение за овој проблем.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Новогодишна еуфорија во април, Арсовска уште од сега не спрема за идниот дочек на Нова година

Новогодишна еуфорија во април месец сеуште може да се забележи во главниот...

АКТУЕЛНО

Вечерва мултимедиајлен настан „Танец во фокусот“ во Кинотека

Вечерва во Кинотека на Македонија во 19 часот, ќе се одржи мултимедиајлен...

АКТУЕЛНО

Започна реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во Центар

Општинските служби го започнаа реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во...

АКТУЕЛНО

„Лајка“ ќе организира макенбал за кучиња во Градски парк

ЈП „Лајка“ во недела во Градски парк во Скопје ќе организира маскенбал...