АКТУЕЛНО

Градот ќе сади дрвја за 224 илјади евра, од кои едно чини и над 600

Град Скопје ќе купи грмушки и дрвја за 224 илјади евра. Во договорот што градоначалничката, Данела Арсовска го потпишала со фирмата избрана на тендер, никаде не пишува за кои локации и на кои места планира да ги засади дрвјата. Единствено во договорот стои дека за овие пари ќе се купат 66 видови на листопадни и зимзелени дрвја и грмушки, како и обликувани растенија. За одредени видови дрвја Градот ќе плати 37.760 денари по парче, а такви има над десеттина.
Цената од околу 650 евра за парче важи за дрвја како јавор, бреза, индиски јоргован и други.

Минатата година во октомври градот исто купил садници од истата фирма за 211 илјади евра. За само осум месеци разлика во времето помеѓу ланската и овогодинешната набавка на дрвја и грмушки, цените на некој садници дури и тројно се повисоки. Така, за зимзелениот декоративен садник „Taxusrepandenes“ лани градот платил 300 денари по парче, а годинава за истиот плаќа 900 денари.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Од утре стартува дневната евтина тарифа на струјата

Од утре стартува евтината дневна тарифа на струјата во периодот од 13...

АКТУЕЛНО

Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздух што ќе се постави кај Цементарницата

Општина Кисела Вода вчера го распиша огласот набавка на мерна станица за...

АКТУЕЛНО

Скопската зоолошка градина демантира дека немаат адекватен кадар за грижа за животните

Скопската зоолошка градина има двајца дипломирано ветерирани со полно работно време кои...

АКТУЕЛНО

Започна реконструкцијата на улицата „Калош Дани“ во Карпош

Започна реконструкцијата на улицата Калош Дани во општина Карпош. Екипите на јавното претпријатие...