АКТУЕЛНО

ПРОФЕСОР ДАНИЛОВСКИ: Авионското прскање да се укине, нема ефект и затоа секое лето нѐ касаат комарци

Авионското прскање против комарци треба да се укине и дезинсекцијата во населените места да се врши од земја, апелира професорот Драган Даниловски, во пресрет на летната сезона и појавата на комарци. За него особен проблем се таканаречените тигрести комарци кои се агресивни и создаваат посилни алергиски реакции кај луѓето, отколку „домашните“ комарци. Иако е малку веројатно да пренесат егзотични болести, сепак, предизвикуваат тешки непријатности, заради целодневното агресивно касање.

„Авионската дезинсекција која се спроведува секоја година по неколку пати е „сизифовска“ работа, зашто, едноставно, не може да биде успешна и треба да се укине. Зошто? Затоа што ги уништува само оние комарци кои во моментот се во воздух. А, знаеме, постојат и ларви. Таа треба да се применува само во ненаселени подрачја или при елементарни непогоди. Во населените места е потребна дезинсекција со прскање од земја. Значи, треба да се смени стратегијата. Освен тоа, од суштествена важност е да се организира јавна едукативна кампања, за граѓаните да внимаваат да немаат застојана вода во својата околина, особено оние што имаат дворови. За лична заштита, треба да се користат репелентни средства“, вели доктор Даниловски.

Во Македонија тигрестиот комарец првпат е докажан во 2016 година на границата со Грција. Сега веќе е доминантен вид, зашто, практично ги има потиснато другите видови комарци.

„Карактеристично е што женките касаат по цел ден, а не како другите, само наутро и навечер. Исто така, за положување на јајцата не му се потребни големи површини застојана вода, туку доволни се и мали количини, на пример, во саксии за цвеќе, вазни, контејнери и автомобилски гуми, барички вода во дворот. Агресивен е и создава посилни алергиски реакции кај луѓето, отколку „домашните“ комарци“, објаснува Даниловски.

Секое лето граѓаните мака мачат со големиот број комарци. Град Скопје и годинава неколку пати вршеше авионско прскање против комарци, а само оваа недела спроведува прскање од земја.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...