КУЛТУРА

„Матица ексклузив“ ќе ја промовира стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова Бошнакоска

Во паркот на книгата на Матица Ексклузив на 15 јуни (четврток) во 13.00 часот ќе се одржи промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова Бошнакоска. Изданието на познатата поетеса ќе го промовира д-р  Славчо Ковиловски, а стихови ќе интерпретира актерот Владо Јовановски.

„Куќа во куќа“ е четиринаесета поетска книга на Бошнаковска, во која авторката со тон на тревожност пее за судбински теми и остварува една нова димензија во нејзиното богато творештво. Всушност, во стиховите од оваа книга, поетесата следи мноштво актуелни настани кои се случуваат во Македонија.

Гордана Михаилова Бошнаковска е автор на богат поетски и прозен опус, за кој е добитник на значајни книжевни награди, меѓу кои и на наградите „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата и „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Отворен шестиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“...

КУЛТУРА

Италијански дизајн во Скопје

Деновите на италијански дизајн во Скопје почнуваат на 14 март во Сули...

КУЛТУРА

Рачно изработени еколошки и одржливи производи на македонските дизајнери и занаетчии во „Лабораториум“

Накит, модни додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, но...

КУЛТУРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски

Во Музејот на град Скопје, денес, 29 февруари, во 20 часот, ќе...