За само три часа, колку што траеше викенд дружењето на граѓаните и вработените во ЈП Лајка, згрижени се 20 кучиња, односно изготвени се 20 апликации за вдомување. Минатата сабота, ова јавно претпријатие организираше отворен ден на кој посетителите можеа да се дружат со животните и да да добијат можност да вдомат куче милениче, кое е бесплатно.
Истовремено, граѓаните имаа и можност да се запознаат со процесот на работа, процесот на вдомување, да прошетаат во прифатилиштето и да се дружат со кучињата од ЈП Лајка.
Leave a comment