КУЛТУРА

„Записи“ изложба на цртежи и колажи од Стефан Младеновски

Изложбата „Записи“ на Стефан Младеновски ќе биде отворена на 20 јуни во сала Империјал 2 во Културно Информативниот Центар Скопје.
Сликите на Стефан Младеновски сочинуваат синтеза на сите ликовни техники и дисциплини. Тоа е една голема ризница на ликовното писмо, библиотека во која се складираат различностите на ликовната уметност. Но сепак, тие поединости се распоредени во еден совршен ред и целина. Само навидум одразот на хаосот и немирот во деталите создава импулсивен впечаток. Во оваа сликарска уметност владее совршена хармонија. Како таинствена калиграфија, штотуку одвиткана од свитокот на некој далечен мистик. Потребно е големо внимание и љубопитност да се дешифрира ликовното писмо на Стефан Младеновски.
Фрагментите во овие дела се слики самите за себе, слоевитоста на неговите слики е раслоена во парчиња кои можат слободно да функционираат без рамката во која се одвива драмата на композицијата. Има тука сокриено некоја мала, но лична бесконечност. Траги кои водат до личната приказна на авторот. Таа приказна е раскажана без нарација и патетичност. Попрво како симболистичка поезија.
Никола Пијанманов – ликовен уметник
Стефан Младеновски е роден 1996 г. во Крива Паланка. Средно образование завршил во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ – Скопје, оддел графика. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (2020) оддел графика со насока конзервација и реставрација во класа на проф. м-р Зоран Јакимовски. Магистрирал на истиот факултет (2022) под менторство на проф. м-р Мирко Вујисиќ, област графика. Член е на ДЛУМ од 2020 г. Досега реализирал осум самостојни изложби и учествувал на преку триесет групни изложби во земјава и странство. Добитник е на три национални награди за графика.
Изложбата ќе биде отворена до 28.06.2023 година.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Годишна изложба на дела на Родољуб Анастасов во Музеј на град Скопје

Во Музеј на град Скопје вечерва ќе се отвори Годишната изложба на...

КУЛТУРА

Промоција на краткиот анимиран филм „Лисичката плетачка“

Утре во Музеј на град Скопје во 18:30 часот, ќе се одржи...

КУЛТУРА

Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ и Борче Стаменов добитници на државната награда „Мето Јовановски“ за 2023

Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ и Борче Стаменов од иницијативата...

КУЛТУРА

Самостојна изложба на Ешреф Ќахили

Во Националната галерија Чифте амам денеска ќе се одржи самостојна изложба на...