ИНФО

ДЗС: Лани завршена изградба на 6301 стан

Деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност минатата година извршиле градежни работи во вредност од 30.768.214 илјади денари, од кои 14.662.217 илјади денари се за објекти во индивидуална сопственост, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во текот на 2022 година се градени вкупно 2.519 објекти, а завршени се 3.844 станови со вкупна површина од 257.085 метри квадратни, од кои 3.714 се во индивидуална сопственост.

По региони, најмногу се градело во Скопскиот Регион, потоа во Пелагонискиот, Југозападниот…

Во Скопскиот регион се завршени 2.107 станови, од кои 1.120 се во општина Аеродром, 336 во Гази Баба, 218 во Центар, 175 во Ѓорче Петров, 131 во Бутел…

Просечната корисна површина на завршените станови е 66,9 метри квадратни.

Според податоците на ДЗС, во 2022 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 16.896.526 илјади денари.

Податоците за извршени градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени во индивидуална режија покажуават дека во текот на минатата година се градени вкупно 2.145 објекти и завршени се вкупно 2.457 станови со вкупна површина од 304.916 метри квадратни од кои 102 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 7.981 метри квадратни.

Просечната корисна површина на завршените станови е 124.1 метри квадратни.

Најмногу се градело во Вардарскиот регион, потоа во Полошкиот, Скопскиот итн.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Петок е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за...

ИНФО

159 санкции за непрописно вградени фолии

Во периодот од 01.11.2023 до 30.11.2023  Министерството за внатрешни работи спроведе акциска...

ИНФО

Промоција на првите броеви на меѓународното научно списание „Балкански хип-хоп студии“

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ вечер ќе бидат промовирани првите два...

ИНФО

Издадени 23 одобренија за градба, од јуни заклучно со ноември

Општина Центар минатата година започна со објавување на полугодишни извештаи за издадените...