Општина Гази Баба објави јавен повик за сите евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа, проект „Вклучени граѓани, подобрени услуги“ за работно ангажирање со скратено работно време од девет месеци поради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје.
Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.
Лицата кои ќе се пријават за учество треба да припаѓаат на една од следните групи невработени лица:
- Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција)
- Млади лица до 29 години
- Лица корисници на гарантирана минимална помош
- Лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
- Лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
- Жртви на семејно насилство
- Жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници
- Лица припадници на ромската етничка заедница
- Самохрани родители
- Родители на деца со пречки во развојот
- Родители на 3 и повеќе деца
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:
- Работно место 1: 8 (осум) Негователи во детска градинка, со стекната лиценца за неговател во детска градинка
- Работно место 2: 2 (две) Лице за грижа на стари лица над 60 години
- Работно место 3: 2 (две) Лице за идентификување (мапирање на лица од ранливите категории)
- Работно место 4: 2 (две) Лице за поддршка на млади и лица со посебни потреби.
Сите заинтресирани можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје во периодот од 12.06.2023 година до 16.06.2022 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Leave a comment