ИНФО

Аеродром ќе дели по 3.500 денари за секое прваче

Општина Аеродром ќе дели еднократна парична помош од 3.500 денари за семејствата кои имаат дете запишано во прво одделение во едно од основните училишта на територијата на општината. Рокот за пријавување е од 15 јуни до 29 септември 2023 година.

Родителите на првачињата потребно е до архивата на Општината да поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2023/2024 година заверена од основното училиште или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.

Образецот што треба да се пополни може да го најдете на следниот ЛИНК.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

„Тегла+“ – зимница за бездомниците и за социјално загрозените семејства

Здружението „Љубезност“ оваа година ќе организира тридневен донаторски настан „Тегла +“, кој...

ИНФО

Изложба на ДЛУМ по повод 30. Министерски совет на ОБСЕ

Во хотелот „Александар Палас“ ќе биде поставена изложба во чест на триесетиот...

ИНФО

Утре бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“

Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на...

ИНФО

Шалтерите на Водовод денес и утре со скратено работно време

Денес, шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието Водовод и канализација ќе работат...