АКТУЕЛНО

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Јавен повик за невработени лица

Општина Ѓорче Петров објави јавен повик за сите невработени лица за нивно вклучување во Програмата општинско – корисна работа за работно ангажирање со скратено работно време од 9 месеци заради стекнување вештини и постепено вклучување на пазарот на труд,

Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера, согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата, при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години);

– млади лица до 29 години;

-лица постари од 50 години;

-невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19;

– лица корисници на гарантирана минимална помош ;

-лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност;

-лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа;

-жртви на семејно насилство;

-лица со попреченост;

-жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници;

-лица припадници на ромската етничка заедница;

-лица на кои им е решен статусот со лична документација;

-самохрани родители;

-родители на деца со пречки во развојот;

-родители на 3 и повеќе деца;

-осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа

Работно место 1: 2(два) Негователи за стари и изнемоштени – алцхајмер, палијативна нега или мултиплекс склероза;
Работно место 2: 3(три) Инструменталисти за лична асистенција за помош и поддршка при самостојно живеење;
Работно место 3: 1(еден) Фасилитатор-унапредувач на социјалниот дијалог.

Заинтересираните невработени лица пријави за учество во Програмата можат да поднесат во Агенција за вработување и Центар за вработување на Град Скопје од денеска до 16.06.2023 година од 08:00 до 14:00 часот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Утре бесплатен разглед на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи...

АКТУЕЛНО

Прва канцеларија за родителство во Карпош

Во рамки на програмските активности на Општина Карпош, денес се одржа работен...

АКТУЕЛНО

Поставени две кутии за донација пред влезот на ЗОО

Скопската Зоолошка градина се приклучува на хуманитарната акција за успешно лекување на...

АКТУЕЛНО

Нов кош, голчиња и детски реквизити на спортските и на детското игралиште во населбата Пролет

Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба...