АКТУЕЛНО

ЧАИР: Поставени се фотоволтаици на три училишта и градинка

Фотоволтаици се поставени на крововите од три училишта и градинка во Чаир, преку програмата за прекугранична соработка со Косово. За реализација на овој проект, од Министерството за локална самоуправа од Европската Унија и од буџетот на државата, се обезбедија 212 илјади евра.

Во општина Чаир, поставени се  фотоволтаици на три основни училишта и на една градинка, во основните училишта „Лирија“, „Имри Елези“, „Хасан Приштина“ и во градинката „Снежана“.

„Со овој проект општината ќе ги намали трошоците за електрична енергија, а заштедите ќе може да ги вложи во подобрување на условите во училиштата“, велат од општината.

На настанот, свое обраќање имаше и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу. Тој појасни дека се поставени и енергетски ефикасни светилки. Во време на енергетска криза кога сметките за струја се зголемени десет пати, рече дека како општина, сè повеќе користат обновливи извори на енергија и нагласи дека со тоа, трошоците им се намалени за четири пати. Ганиу рече дека како општина, користат електрични возила.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

„Анима мунди“ бара да почне процес на затворање на зоолошките градини

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ бара да се започне процес...

АКТУЕЛНО

Хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска

Општина Центар денес во Паркот на Франкофонија организира музички хепенинг за собирање...

АКТУЕЛНО

Четирите дами на „Destiny Quartet“ ги наполнија со љубов срцата на публиката во Филхармонија со „Јовано Јованке“ и „Џипси сонг“

Четирите дами Гергана Алексиева и Венета Гудева на виолина Александрина Митева на...

АКТУЕЛНО

Јуниорите на Работнички ќе тренираат бесплатно во салата на „Коле Неделковски“

Советот на Општина Центар го усвои предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за...