КУЛТУРА

Промоцијата на книгата „88“ на Надија Реброња во Библиотеката „Браќа Миладиновци“

Српската писателка Надија Реброња во посета на Библиотеката „Браќа Миладиновци“ ќе ја промовира нејзината книга „88“, која на македонски јазик ја објави ПНВ Публикации / PNV Publishing.

Промоцијата ќе се одржи во среда (14 јуни) од 19 часот во Библиотеката „Браќа Миладиновци“

Надија Реброња  (1982) е поетеса и есеист. Докторирала книжевност на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Предава современа јужнословенска литература и е универзитетски доцент. Нејзината поезија е преведена на англиски, на шпански, на италијански, на француски, на германски, на полски, на турски, на персиски, на македонски, на албански и на словенечки јазик.

Миљенко Јерговиќ за книгата ќе истакне:

‒ Вообичаено, пијаното има 88 клавиши, 52 бели и 36 црни, од кои произлегуваат 88 тонови. Пијанистот по правило чита 88 ноти. Овие 88 микропрозни дела истовремено сочинуваат едно пијано и еден концерт за пијано. Секоја приказна е еден тон, но сите приказни собрани заедно, бидејќи така треба да ги читаме, чинат целина, не роман, како што би можел некој грешно да помисли, туку една прецизно обликувана музичка форма. На прв поглед, светот на Надија Реброња не е миметички, не ја опишува стварноста, не сведочи на суд. Но, како што Баховите „Голдберг-варијации“ не ја опишуваат стварноста, ниту можат да се употребат како доказ на суд, а сепак, ништо така прецизно не говори за стварноста како кога Глен Гулд мрморејќи ги свири „Голдберг-варијациите“, така и во „88“, на Надија Реброња, светот и животот се пренесени во зборови. Музиката е постојана.

Авторката Надија Реброња во месец јуни е на резиденцијален престој во Скопје, организиран од издавачката куќа „Готен“, а поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Министерството за култура го објави конкурсот за Град на културата за 2024 година

Министерството за култура го објави конкурсот за финансирање проект од национален интерес...

КУЛТУРА

Седмо издание на „Винодонија“ на 8. и 9. декември во Скопје

На 8 и 9 декември во Скопје ќе се одржи седмото издание...

КУЛТУРА

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ во Драмски театар Скопје

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ вечерва ќе се одржи во Драмскиот...

КУЛТУРА

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе, ќе се изведе на сцената на Националната...