КУЛТУРА

Првото издание на фестивалот „Стрип трип“ ќе се одржи во МКЦ во Скопје

Младинскиот културен центар го најави првото издание на стрип-фестивалот со наслов „Стрип трип“, што ќе се одржи на 17 и 18 јуни во МКЦ – Скопје.

Од ден во ден организаторите најавуваат сѐ побогата програма, во која ќе бидат вклучени голем број македонски и странски стрип-цртачи и издавачи, а ќе има и дискусии и презентации на најнови домашни и регионални стрип-изданија, изложба на реномирани стрип-цртачи, музичка и филмска програма, работилница за цртање стрип за деца и најважно – берза на стрипови.

Меѓу учесниците на фестивалот веќе се најавени Марко Стојановиќ, Давор Драмиќанин, Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, Бошко Караџов, Ѓорѓе Јовановиќ, Александар Стеванов, Никола Темков, Здравко Гиров, Ника Гавровска, Тања Вукобрат, Дарко Богданов, Игор Јовчевски, Владимир Благојевиќ – Владодлак.

Несебична помош и насока во организацијата на фестивалот даваат стрип-книжарницата „Бункер“, издавачот „Стрип Квадрат“ и Тошо Филиповски. Дизајнот на промотивниот материјал за првото издание е на илустраторот и уметник Гоце Илиевски. Фестивалот е финансиски поддржан од Град Скопје.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Министерството за култура го објави конкурсот за Град на културата за 2024 година

Министерството за култура го објави конкурсот за финансирање проект од национален интерес...

КУЛТУРА

Седмо издание на „Винодонија“ на 8. и 9. декември во Скопје

На 8 и 9 декември во Скопје ќе се одржи седмото издание...

КУЛТУРА

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ во Драмски театар Скопје

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ вечерва ќе се одржи во Драмскиот...

КУЛТУРА

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе, ќе се изведе на сцената на Националната...