МОЕ ЗДРАВЈЕ

Откриено која бактерија предизвикува кариес на забите

Ново истражување во САД открива дека бактериите од групата „Selenomonas sputigena“ се главни причинители на расипување на забите и кариес. Во испитувањата учествувале Стоматолошкиот факултет при Универзитетот на Пенсилванија, Стоматолошкиот факултет „Адамс“ и Факултетот за глобално јавно здравје при Универзитетот на Северна Каролина, објави електронското списание MedicalExpress.

„Ова е неочекувано откритие што ни дава нов увид во развојот на кариесот, ги опишува можните идни начини на спречување кариес и открива нови механизми за формирање бактериски биофилм што може да биде корисно во други клинички случаи“, појасни Мишел Ку, професор на Универзитетот на Пенсилванија.

Досега се сметаше дека бактериите од видот „Streptococcus mutans“, коишто го создаваат забниот плак и оксидираат, се главната причина за расипувањето на забите.

Во новиот научен труд, авторите докажуваат дека бактеријата „S. sputigena“, досега главно поврзана со воспаленијата на непцата, веројатно е главниот „соучесник“ на „S. mutans“ во појавата на кариес.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Цвеклото го подобрува сексуалниот живот

Некои прехранбени производи и секојдневни намирници ја поттикнуваат желбата за секс, а...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

4 начини како да ja ублажите болката во зглобовите

Проблемите со зглобовите можат да влијаат на квалитетот на вашиот живот, но...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Причинители на „изрецкан јазик“

Многумина имаат тн. „изрецкан јазик“ – кога тој орган има вдлабнатини или...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Како да ја зголемите меморијата и концентрацијата со 4 методи

Како да ја зголемите меморијата и концентрацијата со 4 методи. Ние нудиме...