АКТУЕЛНО

Општина Аеродром најавува нов план за Лисиче, не кажува дали сите згради ќе ги нема

Поголемиот дел од забелешките кои граѓаните ги доставиле во рамки на јавна анкета до Општина Аеродром, а се однесуваат на Деталниот урбанистички план и градењето згради во населбата Лисиче, се прифатени од Комисијата за урбанизам во општината.

Во објавата на нивната веб страна се вели дека во „Општина Аеродром веќе тече постапката за ревидирање на првата и изработка на втора ревидирана верзија на Деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче“.

Објаснувањето е дека по завршување на оваа фаза, планерската фирма веќе изработува, а Општина Аеродром наскоро ќе ја објави новата ревидирана верзија на Деталниот урбанистички план, кој како и досега во рамките на отворена и транспарентна постапка ќе биде изложен на јавна анкета и истиот ќе биде презентиран пред граѓаните и медиумите.

Но, никаде не се споменува дали ревидираната верзија на ДУП-от значи бришење на сите маркички за изградба на згради во Лисиче.

Од Аеродром уверуваат дека „финалната верзија на Деталниот урбанистички план за овој дел од општината ќе биде направен, во согласност со потребите и барањата на граѓаните“.

Жителите на Лисиче за утре најавија протест против бетонозацијата на населбата со блокирање на булеварот Србија.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Со индекс на загаденост 161, воздухот во Скопје е оценет како „нездрав“

Во главниот град  се измерени 161 микрограми на кубен метар ПМ 2,5...

АКТУЕЛНО

Повторно евтина дневна тарифа на струјата за домаќинствата

Домаќинствата почнувајќи од денеска во периодот од 13 до 15 часот повторно...

АКТУЕЛНО

По 60 години се испитуваат магистралните цевководи за Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска, како што стои во соопштението, ја промовирала изработката на...

АКТУЕЛНО

Традиционално осветлување на Новогодишната елка во Скопје Сити Мол

Влезете во светот на чудата во Скопје Сити Мол овој декември. Во 18:30...