Општина Кисела Вода објави оглас за пријавување на најдобрите основци, кои постигнале одлични резултати на натпреварите во образованието, културата и спортот.
За истите се обезбедени стимулативни награди, како и за просветните работници кои дале посебен придонес во областа на воспитно – образованиот процес, како и во делот на стручната работа со учениците.
„Огласот е објавен на веб страната на општината и ќе трае пет дена од денот на објавувањето, а покрај објавата на општинската веб-страница и социјалните медиуми, јавниот оглас ќе биде објавен и на огласните табли на сите воспитно – образовни установи во општината“, велат од општината.
Секој кој е заинтересиран и ги исполнува условите соогласно огласот може да се пријави. Сите потребните документи за апликација можете да ги најдете ОВДЕ.
Leave a comment