МАГАЗИН

ЗОШТО ТРЕБА ДА ЈАДЕТЕ ЦРЕШИ: Ги чистат бубрезите и телото од отрови

На вкусот на црешите ретко кој може да оддолее, но она што е поважно е дека тие се исклучително здрави и претставуваат природен лек за многу медицински состојби. Освен плодот, одлични за здравјето се и стебленцата од црешите, кои се консумираат во форма на чај.

Благодарение на нивните биоактивни компоненти, црешите се користат во народната медицина уште од античко време. Петелките од црешите содржат есенцијални масла, калиумови соли и антиоксиданти, кои освен што помагаат при камењата во бубрезите, помагаат и во детоксикација на телото.

Самите плодови од цреша имаат антиинфламаторно дејство и ја спречуваат појавата на брчки, па делуваат и подмладувачки. Тие исто така го стимулираат варењето и го штитат здравјето на бубрезите и срцето.

Тие се одличен извор на полифеноли, моќни растителни компоненти кои ги намалуваат воспалителните процеси, како и оштетувањата на клеточно ниво и генерално ја зголемуваат виталноста на целиот организам. Црешите се богати со антоцијани, кои имаат силно антиоксидативно дејство и кверцетин, кој помага во регулирањето на крвниот притисок. Исто така можат да се пофалат со високо ниво на витамини А, Б, Ц и К, како и минерали како што се калиум, манган, магнезиум и бакар, како и многу влакна. Благодарение на влакната, црешите многу поволно делуваат на варењето.

  • Посилни од ацетилсалицилната киселина

Интересно е и тоа што црешите имаат посилно дејство од ацетилсалицилната киселина (пр. аспирин), без несакани нуспојави и иритација на желудникот. Тие го имаат овој ефект благодарение на антоцијаните, растителни компоненти кои им ја даваат црвената боја. Токму антоцијаните го спречуваат оксидативното оштетување и го потиснуваат дејството на ензимите циклооксигеназа 1 и 2, кои се појавуваат во воспалените и болни ткива. Затоа, во случај на главоболка и температура, наместо фармацевтски аспирин, попрво посегнувате по цреши!

  • За ментално здравје

Каротеноидите и флавоноидите од црешите се исклучително важни за здрави функции на мозокот, како и меморија. Ова овошје го штити нервниот систем и помага во ублажување на симптомите на Паркинсонова и Алцхајмерова болест.

  • Сок од цреша – за силни коски

Пијте една чаша свежо исцеден сок од цреша секој ден во текот на една недела. Познато е дека црешите се богати со бор, минерал кој ја зачувува густината и силата на коските. Тие се и одличен извор на калциум и магнезиум, кои се исто така важни за здравјето на коските и зглобовите.

  • Свежи цреши – против исцрпеност, умор и анемија

Јадете 250 грама свежи цреши три пати на ден. Ова ќе помогне да се ослободите од замор и исцрпеност и да ги зголемите нивоата на енергија. Со конзумирање свежи цреши, можете да го зачувате здравјето на срцето. Имено, црешите се богати со антиоксиданси, витамини и фосфор, кои се вистински заштитници на срцето. Освен што го подобруваат здравјето на крвните садови, тие го зајакнуваат и срцевиот мускул. Затоа, додека се во сезона, јадете ги што е можно повеќе.

Црешите се добри и за анемија, благодарение на бакарот, кој ја поттикнува апсорпцијата на железото.

  • Чај од стебленца од цреша – за здравје на бубрезите и уринарниот тракт

Рецепт бр. 1: Во еден литар вода додадете грст стебленца од цреша. Оставете да зоврие и варете околу две минути. Оставете да отстои малку, па процедете. Пијте незасладени во мали голтки во текот на денот. Чајот од стеблата има антисептички својства и е одличен не само за бубрежни заболувања туку и за уринарни инфекции, односно за здравјето на целиот уринарен тракт.

Рецепт бр. 2: Додадете една лажичка стебленца од вишни во 200 мл вода и оставете да зоврие. Варете минута до две, а потоа тргнете го од оган. Оставете го да отстои покриено околу 5 минути, па процедете го. Пијте три пати на ден. Овој лековит чај е добра помош за песок и камења во бубрезите.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Истражувања: Некои особини и одлики се наследуваат главно од мајката

Повеќето човечки особини се полигенски, што значи дека тие се одредени со...

МАГАЗИН

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Моќта на бојата на облеката што се носи е потврдена со истражување...

МАГАЗИН

„Чет-ГПТ 4о“ со најбрз превод досега

Новата верзија „Чет-ГПТ 4о“ е достапна за јавноста од пред неколку дена,...

МАГАЗИН

Морската сол делотворна против мрсна коса

Проблемот со мрсна коса е предизвикан од акумулацијата на тн. Себум –...