АКТУЕЛНО

Реконструирано детско игралиште во Капиштец

Општина Центар неодамна започна со реконструкција на повеќе детски игралишта. Деновиве заврши и реконструкцијата на детското игралиште во населбата Капиштец. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека за детската смеа да биде уште погласна, а детската игра поинтересна на игралиштето во Капиштец општината ги реконстуирала детските лизгалки, клацкалки, лулашки и ги поправила другите оштетени дрвени реквизити.

„Започнавме со целосни реконструкции и санации на оштетените реквизити и на заштитни огради на детските игралишта во повеќе населби. Досега службите санираа две детски игралишта, продолжуваат овде во Капиштец и во неколку други населби. Детската насмевка е најдрагоценото за нас, затоа вложуваме во безбедна детска игра и полни детски игралишта“, изјави Герасимовски.

И покрај заложбата за реконструкција на детските игралишта, до службите на Општина Центар многу често стигнуваат дојави за искршени реквизити или оштетени подни површини од страна на непознати сторители. Со цел детските игралишта да останат катчиња каде најмногу ќе уживаат најмладите градоначалникот Герасимовски повикува на правилно и одговорно користење на реквизитите, како и на зачувување на урбаната опрема која е поставена во нивна околина.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Две училишта и детска градинка од Карпош користат енергија од фотоволтаици

Денеска беше пуштен во употреба првиот фотоволтаичен систем за добивање на електрична...

АКТУЕЛНО

Скопје разубавено со над 2.000 садници

Со садење на над 2.000 садници, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска,...

АКТУЕЛНО

Ќе се градат градинки во Трубарево и Инџиково

Општина Гази Баба ја започна постапката за изградба на нови детски градинки...

АКТУЕЛНО

Утре времен сообраќај на улицата Орце Николов во Дебар Маало

Општина Центар информира дека во текот на утрешниот ден, сабота, 2 март,...