МОЕ ЗДРАВЈЕ

Од кои причини може да се јави често мокрење

Честото мокрење обично е знак на внес на повеќе течности. Но, ако не се внесува толку  многу течност, а сепак пречесто го посетувате тоалетот, тоа може да значи одреден здравствен проблем, велат лекарите.

Човекот вообичаено мокри пет до седум пати во 24 часа. Ако пак, тоа е почесто од 7-8 пати, би било пожелно да ги проверите бубрезите, мочниот меур, простатата, како и да се испита можен дијабетес.

Има и други помалку познати причини за почестото празнење. Тоа се: инфекција на уринарниот тракт, уретритис, бременост, тумор во карличната област, или на мочниот меур, воспаление на ѕидот на мочниот меур, камен во уринарниот тракт, одредени лекови – како што се диуретиците, други терапии, сексуално преносливи заболувања и невролошки проблеми.

Знаци дека треба да се отиде на лекар се и: болки во стомакот, уринарна инконтиненција, ноктурија или често мокрење во текот на ноќта и болно мокрење.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Намалете го ризикот од болести преку диета

Сите знаеме дека храната влијае на нашето здравје и квалитетот на животот,...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

ИЈЗ: За седум дена пријавени 17 нови случаи на голема кашлица

Во последните седум дена, од 9 до 15 февруари се пријавени 17...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Ново истражување: Откриена причината за утринска мигрена

Гласната музика, светлите екрани, силните парфеми и силните светла можат да предизвикаат...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Холанѓанец собори Гинисов рекорд како пациент кој речиси 40 години живее со донирано срце

Берт Јенсен (57) од Холандија речиси 40 години живее со донирано срце...