КУЛТУРА

Меѓународна манифестација „Празник на липите“

Годинашната традиционална меѓународна манифестација „Празник на липите”, ќе се одржи во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија на 14 јуни, со почеток во 11 часот.

Манифестацијата вообичаено започнува со интерпретацијата на песната „Липа” од Матеја Матевски, која годинава ќе ја прочита минагодишната добитничка на наградата „Книжевен жезол” – поетесата Гордана Михаилова Бошнаковска.

Потоа, претседателот на Друштвото на писателите на Македонија свечено ќе ја отвори манифестацијата и ќе говори за поезијата на Новица Ѓуриќ, поет од Црна Гора – годинашен добитник на наградата “Книжевен жезол” за поетски опус.

За поезијата на Весна Ацевска, годинашен добитник на наградата “Книжевен жезол” за поетски опус, ќе зборува Владимир Мартиновски.

Лауреатите Ѓуриќ и Весна Ацевска покрај плакетите, ќе добијат оригинални статуи на “Книжевниот жезол” изработени во даборез, а ќе биде објавена и промовирана и нивната заедничка книга “Поезија”.

Свеченоста ќе заврши со врачувањето на плакетите за наградите “Празник на липите” за најдобри творби на тема “Липа”, а годинашни добитници се Славица Дабевска Ќировска (за песна), Михајло Свидерски (за расказ) и Трајче Кацаров (за есеј).

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Специјална проекција на „Молкот на разумот“ во МКЦ

На 12 декември (вторник) со почеток од 20 часот во киното „Фросина“...

КУЛТУРА

Парите од продажбата на „Цепај сине“ ќе се донираат за Детската клиника во Скопје

Авторот Зоран Спасов-Ѕоф и издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе ги дадат сите...

КУЛТУРА

Премиера на „Демнејќи го Годо“ од Драго Јанчар во Театар Комедија

На 12 декември (вторник), со почеток во 20 часот, на малата сцена...

КУЛТУРА

Седмо издание на „Винодонија“ на 8. и 9. декември во Скопје

На 8 и 9 декември во Скопје ќе се одржи седмото издание...