АКТУЕЛНО

ЕСМ СО АКЦИЈА ЗА НОВИ КОРИСНИЦИ: Бесплатно приклучување на парно до 31 август

Граѓаните кои се исклучиле од системот на парно греење ќе можат бесплатно да се вратат пак на мрежата. Со цел да им се овозможи на што поголем број потрошувачи да ги користат придобивките на системот за централното греење, ЕСМ започнува акција за бесплатно приклучување.

Акцијата важи до 31 август и ќе биде спроведена по принципот „прв пријавен, прв услужен“. Поволностите од акцијата за бесплатно приклучување важат само во објектите кои се приклучени на централниот систем за греење и каде има техничка можност за приклучување на станот или деловниот простор.

„Ги покануваме заинтересираните потрошувачи за сите неопходни информации за постапката за приклучување да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02/3076-200 и 075/400-100. За да ја искористат можноста за бесплатно приклучување потребно е да поднесат писмено барање за приклучување во некој од пунктовите за потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина“, велат од ЕСМ.

По завршување на акцијата, односно од 1 септември 2023 година, приклучувањето ќе се наплаќа во целост согласно важечкиот ценовник.

Бесплатното приклучување на исклучените потрошувачи подразбира бесплатно испуштање на вода од системот за централно греење како и работна рака без надоместок. Секоја дополнителна интервенција на внатрешната грејна инсталацијата ќе се наплаќа согласно ценовникот за сервисни услуги.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Општина Бутел ќе биде покровител на документарецот за еден од најголемите олимписки спортисти Шабан Трстена

На предлог на градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, а со едногласна...

АКТУЕЛНО

5 нови патеки на Скопска Црна Гора спремни за различен тип на луѓе и скроени за различни годишни времиња

Општина Гази Баба известува дека е реализиран проект со кој се создавани...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: 62 решенија по 7.000 денари за семејствата со новороденче во Центар

62 решенија за новороденчиња на барателите за остварување на правото за користење...

АКТУЕЛНО

Поради инаетот на Арсовска, сега ЈСП ќе плаќа и камати за долгот кон приватните превозници

Јавното сообраќајно претпријатие никако да ја заврши финансиската голгота со приватните превозници,...