КУЛТУРА

„Виолин-фест“- концерт на млади виолинисти во Филхармонија

Во Камерната сала на Филхармонија, утревечер во 20 часот ќе се одржи концерт на млади виолинисти во рамки на фестивалот „Виолин фест“. На концертот ќе настапат млади инструменталисти од музичките училишта од Македонија и Србија во пијано придружба на Марија Вршкова.

На програмата се дела од Крајслер, Виењавски, Бакланова, Кабалевски, Сен-Санс, Барток, Де Фаља  и др.

Организатор на фестивалот е виолинистот и концерт-мајстор на Македонската филхармонија Владимир Костов.

„Идејата да се одржи ваков фестивал кој треба да прерасне во традиционалене желбата да се презентираат на едно место младите виолинисти од цела Македонија, без разлика на нивната возраст. Фестивалот ги обединува успесите на учениците, нивните достигнувања, капацитетот, квалитетот и талентот, претставувајќи го притоа и развојот на педагошката дејност во Македонија“.вели Костов.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Специјална проекција на „Молкот на разумот“ во МКЦ

На 12 декември (вторник) со почеток од 20 часот во киното „Фросина“...

КУЛТУРА

Парите од продажбата на „Цепај сине“ ќе се донираат за Детската клиника во Скопје

Авторот Зоран Спасов-Ѕоф и издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе ги дадат сите...

КУЛТУРА

Премиера на „Демнејќи го Годо“ од Драго Јанчар во Театар Комедија

На 12 декември (вторник), со почеток во 20 часот, на малата сцена...

КУЛТУРА

Седмо издание на „Винодонија“ на 8. и 9. декември во Скопје

На 8 и 9 декември во Скопје ќе се одржи седмото издание...