ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во текот на вчерашниот ден отстрани неколку диви депонии лоцирани на улиците „Вуковарска“, „Серава“ и „Славеј планина“.
„Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 30 кубни метри кабаст и мешан комунален отпад од диви депонии во скопската општина Чаир. Станува збор за локации каде што континуирано непрописно се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини“, информираат од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.
Оттаму аплериаат отпадот да се одлага исклучиво во наменски поставените садови. Исто така претпријатието нуди можност за граѓаните, без надомест да го одлагаат стариот мебел и елекричните апарати во центрите за селекција лоцирани во Карпош и во Вардариште.
Leave a comment