АКТУЕЛНО

ГЕРАСИМОВСКИ: Јавен повик за доделување на субвенција за проектот ‘Сервис за стари’

Општина Центар го распиша Проектот Сервис за стари – „Центар се грижи за возрасните” со кој 90 пензионирани граѓани од Општина Центар добиваат помош и поддршка при извршувањето на домашните работи, од страна на стручни и обучени лица.

Апликациите за проектот заинтересираните граѓани може да ги доставуваат почнувајќи од 12.06.2023 година (понеделник) па сè до 20.06.2023 година (вторник).

Реализацијата на Проектот ќе трае се до исцрпување на финансиските средства предвидени за оваа намена во Буџетот на Општината.

Критериумите кои треба да ги исполнуваат граѓаните за да станат корисници на проектот се:

– Да се жители на Општина Центар-Скопје;

– Да се на возраст над 62 години;

– Да се корисници на пензија или на социјална помош;

– Висината на пензијата или социјалната помош не смее да надминува 30.000,00 денари месечно;

– Корисникот на субвенцијата може да биде само еден (1) член од една семејна заедница (исклучок од ова може да биде само доколку се приложи извештај за специјална медицинска состојба за која е потребно вклучување на посебна нега и третман за второто лице).

Ефектите и придобивките од овој проект, кој Општина Центар го реализира во соработка со невладината организација „Хуманост“, се видливи и тоа најмногу го чувствуваат корисниците на услугите.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

ПОЦ: Санкционирани 191 непрописно паркирано возила

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со Сообраќајната...

АКТУЕЛНО

Десет приказни за времето, луѓето и прекинатите врски

Уличниот фестивал “Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship”, изминатите три дена ја размрда...

АКТУЕЛНО

Уметничка акција за проблемот со јавните тоалети во Скопје

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната вчера во Градскиот парк во Скопје, го...

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...