МОЕ ЗДРАВЈЕ

Смртоносниот инфаркт најчесто удира во понеделник

Ново научно истражување открило кога најчесто се случува фааталниот срцев удар, медицински наречен СТЕМИ.

Според студијата што ја објави  британската „Бритиш харт фаундејшн“ објави СТЕМИ најчесто се случува на почетокот на седмицата, т.е. во понеделник. Претпоставките засега говорат дека тоа може да биде поврзано со стрес или нарушен сон.

„Сега треба да откриеме што точно ги прави срцевите напади поверојатни во одредени денови. Ова може да им помогне на лекарите подобро да ја разберат таа смртоносна состојба за да може да спасиме повеќе животи во иднина, изјави д-р Нилеш Самани.

Според кардиологот Џек Лафан, тоа веројатно се должи на стресот од враќањето на работа.

„Зголемениот стрес доведува до поголемо ниво на кортизол – хормонот на стрес што е поврзан со поголема опасност од срцев удар, посочи тој.

За целите на ова истражување, биле анализирани податоци на 10.528 пациенти ширум Ирска, кои биле примени в болницата меѓу 2013 и 2018 година.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Истражување: „Ултрапреработената“ храна ја зголемува подложноста на болести

Јадењето „прекумерно обработена“ храна ја зголемува опасноста од развој од десетици неповолни...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Очите говорат за проблемите со срцето

Срцевите заболувања се една од главните причини за смрт во светот, па...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Намалете го ризикот од болести преку диета

Сите знаеме дека храната влијае на нашето здравје и квалитетот на животот,...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

ИЈЗ: За седум дена пријавени 17 нови случаи на голема кашлица

Во последните седум дена, од 9 до 15 февруари се пријавени 17...