АКТУЕЛНО

Сите училишта во Карпош догодина под видео надзор

Од следната учебна година сите основни училишта на територија Карпош ќе имаат безбедносни камери. Видео камерите ќе бидат насочени кон влезот и аглите на училиштата, но и кон училишните дворови. На седницата на советот на Општина Карпош, се разговараше и за обезбедување центар кој ќе врши 24 часовен мониторинг, а во случај доколку постои потреба за интервенција, веднаш ќе се извести надлежната полициска станица.

„Сметам дека треба да се фокусираме кон безбедноста во школските установи, да го контролираме јавниот ред и мир особено во ноќните часови, посебен акцент треба да се стави на оштетување на општинскиот имот и јавните реквизити, секако на однесувањето на учесниците во сообраќајот, како и спречување на кражбите и разбојништвата“, додаде градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“ победник на ораторската вечер „Иво Пухан“

Студентката Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и...

АКТУЕЛНО

Ќе се постават 15 велосипедски паркинг- држачи во основните училишта и две сервисни станици

Основните училишта на територијата на Општина Гази Баба ќе добијат велосипедски паркинг-...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош добива овластен просветен инспектор во образованието

Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот...

АКТУЕЛНО

За една недела „пајакот“ крена 224 непрописно паркирани возила во Центар

За една недела на територија на општина Центар казнети се 224 возачи...