МАГАЗИН

Само два часа тишина дневно ги одмора и мозокот и телото

Иако не слушаме многу постојани звуци бидејќи сме навикнати на нив, тие имаат негативен ефект врз нашите мозочни клетки, кои всушност никогаш не можат да се одморат од овие стимули. Научниците велат дека седењето во тишина поволно влијае на луѓето и ја поправа штетата предизвикана од преголемата бучава.

Тишината нè смирува

Кога владее тишина, мозокот се смирува, а потоа се чувствуваме смирени и спокојни. Со забавување на мозокот, се забавува и нашето дишење. Тишината ни дава можност подобро да се поврземе со себе, без ништо да ни го одвлекува вниманието.

Ги поправа мозочните клетки

Тишината има големо влијание на мозокот, ги обновува неговите клетки и го подмладува. Процесот на поправка на оштетувањето на клетките започнува по два часа поминати во тишина. Тоа, пак, води до подобра меморија, поголема толеранција на стрес и чувство дека добро сме се одмориле. Тишината е за нашиот мозок е како здравата храна за нашето тело.

Обезбедува долгорочно задоволство

Паметните телефони, конзолите за игри, телевизорот и слично се всушност нужно зло бидејќи изгледаат како да ја цицаат душата на човекот. Ако го погледнете секојдневниот живот на повеќето луѓе, ретко ќе најдете момент кога тие се будни без да бидат под влијание на некој уред.

Луѓето всушност се помалку се гледаат едни со други, бидејќи нивните очи се повеќе и повеќе се залепени за екраните. Иако не е лесно да ги избегнете, обидете се да ги користите сите овие уреди што е можно помалку – ова ќе му даде одмор на вашиот мозок, а тоа ќе ви даде чувство на задоволство и исполнетост.

Тишината ги подобрува другите сетила

Седејќи во тишина, стануваме посвесни за нашата околина и успеваме да слушнеме звуци кои претходно не сме имале можност да ги слушнеме, на пример, звукот на ветрот, песната на птиците, шушкањето на лисјата, пукањето на гранките… Тишината не само што го подобрува слухот, туку и сите други сетила. Бучавата ги блокира, а тишината ги деблокира.

Го подобрува нашето внимание

Во тишина, мозокот има можност да се фокусира на нешто без напор или одвлекување. Тоа е вид на фокус што го правиме во тишина несвесно – дозволувајќи му на нашиот ум да талка од една мисла до друга. Ова води до побавно темпо на живот и има корисен ефект врз умот и телото. Концентрацијата се подобрува, меморијата работи подобро…

Тишината не прави поискрени

Додека седиме во тишина, не можеме да избегаме од длабоките мисли. Тогаш стануваме многу поотворени за нашите чувства, желби, мисли, можеби и за чувствата на тага итн. Во тишина, луѓето се гледаат со други очи и стануваат поискрени кон себе, и како да им се кристализираат некои работи. Тогаш е полесно да се лоцираат проблемите и да се најде начин да се решат – ладни бранови.

Дозволете си два часа тишина на ден

Треба да поминуваме барем еден до два часа дневно во тишина за да ни биде здрава психата, а со тоа и телото. Иако, денес е тешко да се најде катче со малку мир, но обидете се – ќе се чувствувате многу подобро и посреќно. Дајте му шанса на вашиот мозок да се собере, да ги обработи сите информации во мир и повторно да биде подготвен за нови предизвици.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Угина Мали – „најтажната слоница на светот“

Слоницата Мали која активистите за природата ја нарекоа „најтажната на светот“ угина...

МАГАЗИН

Потопен древен град – туристичка атракција во источна Кина

На длабочина од 40 метри, дното на езерото Ќијандао во Кина сведочи...

МАГАЗИН

Нова опција на „Ајфон“ потенцијално опасна за децата

Најновата верзија на оперативниот систем за телефоните и таблетите на „Епл“, како...

МАГАЗИН

„Гугл“ почнува со бришење неактивни мејл-адреси и профили

„Гугл“ во декември ќе почне со бришење милиони профили на услугите „Г-мејл“,...