КУЛТУРА

Откако Универзална сала ги исплати хонорарите на експертите вклучени во првата фаза на проектот „Скопје европска престолнина на културата 2028“ објави јавен повик за прибирање проектни идеи за втората фаза од проектот

П.Н Повторно краток рок за изготвување на апликативната книга под мотото ,,КУЛТУРА НАД ПОДЕЛБА” – CULTURE OVER DIVISION

Откако конечно минатата недела Градот ја одблокира сметката на Универзална сала заради заостанат долг од 2017 година, институцијата ги исплати хонорарите на експерите кои работат на проектот „Скопје европска престолнина на културата 2028“ уште од самиот почеток. Според потпишаните договори, Универзална сала требало да ги исплати хонорарите најкасно до декември 2022 година.

Следствено на ова, Универзална сала, како носител на проектот, „Скопје Европска престолнина на културата 2028“ објави јавен повик за прибирање на проектни идеи кои ќе бидат вклучени во апликативната книга БИД БУК како втора фаза од кандидатурата на градот Скопје за престижната титула Европска Престолнина на Културата – ЕПК 2028.

Новиот БИД БУК треба да биде готов до 29 август, токму затоа и јавниот повик е со краток рок од само неколку дена, односно до 20 јуни.

Мотото на апликативната книга за ,,Скопје Европска престолнина на културата 2028“ гласи  ,,КУЛТУРА НАД ПОДЕЛБА” – CULTURE OVER DIVISION.

При изработка и на првиот БИД БУК експертите имаа многу малку време па според тоа се чини дека кратките рокови стануваат пракса во работењето на Градските власти.

Европската Комисија има утврдено годишна динамика според која, од 2020 до 2033 година е дефинирано кои 2 до 3 држави секоја година можат да дадат свои кандидати (градови) кои ќе се натпреваруваат за оваа титула, од кои 2 града доаѓаат од земји кои се членки на Европската Унија, а третиот град може да биде од земја кандидат или потенцијален кандидат за Европската Унија.

Постапката започнува со објавување на јавен повик од страна на извршната Агенција за образование, аудиовизуелна политика и култура (ЕАСЕА) за пријавување на градовите од државите соодветни за аплицирање. Повикот беше објавен и траеше до 11 ноември 2022 година.

Градот Скопје по овој повик влегува во потесна селекција заедно со градот Будва кој според експертите вклучени во проектот не може ни оддалеку да се носи со Скопје, по инфраструктура, културни институции, споменици на културата, а сепак од властите добива третман на типичен занемарен провинциски град.

За да почне втората фаза од Проектот, неминовно беше да се исплатат хонорарите на експертите вклучени во првата фаза за реализација на овој проект. Меѓутоа, со оглед на временската рамка неизвесно е дали воопшто ќе се заврши навреме изработката на новиот бид бук каде треба акцентот да се стави на уметноста и културата.

Заради обезбедување на еднаквост со градовите од земјите членки на Европската Унија, секој град што доаѓа од земја кандидат има право да учествува на повиците и може да достави апликација исклучиво само еднаш, односно за една година во периодот од 2020 до 2033 година и може само еднаш да ја добие титулата.

За титулата ЕПК 2028 можеа да аплицираат градови од Чешка, Франција и од земјите кои не се членки на ЕУ: Македонија, Албанија (без Тирана), Црна Гора (без Херцег Нови), Исланд, Лихтенштајн и Косово.

 

 

 

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Изложба на фотографии на украинска визуелна уметница Софија Чотирбок

Во Националната Галерија Мала Станица се отвара изложбата на фотографии насловена како...

КУЛТУРА

Традиционален „Зимски салон 2024“ на ДЛУМ во Чифте амам

„Интимност и интерконекција“ (Intimacy and Interconnection) е насловот на биеналната изложба „Зимски...

КУЛТУРА

„Кобалт Синергија“ во галеријата на МКЦ

Во галеријата на Младински културен центар во Скопје овој петок (23 февруари)...

КУЛТУРА

Театарскиот перформанс „Лилит“ во КСП Центар-Јадро

Денес со почеток во 20:00 часот во КСП ЦЕНТАР ЈАДРО, ќе се...