МАГАЗИН

Како да се ослободите од мувите во домот

Со топлото време се буди и природата, што значи и зголемување на бројот на инсекти, како што се мувите, во и околу домот.

За да се ослободите од несаканите „натрапници“, Андреја Жан, која пренесува бројни совети за чистење и уредување на домот, овојпат споделува трик со монети, вода и ќесе за замрзнување.

„Значи, ставете ги паричките во ќесето и додајте вода за тие да пловат во неа. Ќесето се закачува на влезната врата или пред прозорецот“, вели Жан.

Луѓето велат дека овој необичен трик, всушност е навистина делотворен.

„Очите на мувите се многу чувствителни на промените во светлината. Затоа, светлоста што се одбива од паричките ги збунува мувите и ги тера да се оддалечат од вашиот влез“, појаснува Андреја.

Нејзиното видео собра над 200.000 прегледи на социјалните мрежи, а повеќе следачи кои го испробале овој трик велат дека се презадоволни.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Францускиот документарен филм „Дахомеј“ победник на Берлински филмски фестивал

Добитник на Златната мечка за најдобар филм на годинашниот 74 Берлински филмски...

МАГАЗИН

Педијатрите откриваат која храна е забранета за нивните деца

Пред да се одлучат за деца, идните родители вообичаено замислуваат како да...

МАГАЗИН

Откриен целосен фосил на подводен диносаурус во Кина

Меѓународен тим научници открија целосен фосил на подводен рептил „Диноцефалосаурус ориенталис“ (Dinocephalosaurus...

МАГАЗИН

Намирници што треба да се избегнуваат во борбата со висок притисок

Во борбата со висок крвен притисок, т.е. хипертензија, еден од најважните чекори...