ИНФО

Распишан јавен повик за програмата на 19. издание на Бела ноќ 2023

Годинава по 19. пат ќе се одржи манифестацијата „Бела ноќ“, која вклучува активности од областа на културата на територија на главниот град, цо сел да се одбележи уметноста и креативниот потенцијал на градот преку настани кои ќе ја заинтригираат јавноста.

За таа цел ЈУ Универзална сала-Скопје и Град Скопје, распишаа Јавен повик за учесници кои се заинтересирани да аплицираат и да понудат иновативна програма со цел да се збогати културната понуда на градот Скопје.

Овогодинешното  издание на „Бела ноќ“ ќе се одржи во првиот викенд на месец октомври 2023 на повеќе централни локации низ градот Скопје.

На конкурсот можат да се пријават уметници кои сакаат да бидат дел од овој настан, а творат во следниве области:

▪ ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ (Ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип)

▪ ПРИМЕНЕТИ УМЕТНОСТИ (Архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации)

▪ МУЗИКА

▪ ФИЛМ

▪ ТЕАТАР

▪ ЈАВНА УМЕТНОСТ

▪ УРБАНИ ИЗВЕДБИ И ПЕРФОРМАНСИ

Селекцијата ќе биде направена од страна на жири комисија врз основ на поднесените апликации а водејќи се од критериумите: квалитет, иновација и оригиналност на идејата, презентирање и афирмирање на современото творештво, урбаната култура и јавната уметност во опсег на предложениот концепт.

За учество во „Бела ноќ“ потребно е да се пополни апликацијата за учество со следниве документи:

▪ Биографија со личните податоци за уметникот/изведувачот или групата

▪ Опис на проектот, учесници/избор на учесници и активности, потенцијална локација

▪ Финансиска конструкција на проектот

За подетални информации за Јавниот повик: Документите во писмена форма може да се достават на адреса: Бул Партизански одреди 22 (Зграда на Библиотека Браќа Миладиновци )

http://univerzalna.com.mk/belanok,

belanok@univerzalna.com.mk   или на телефонскиот број 02 32 45 615.

Крајниот рок за аплицирање е 23.06.2023 година.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Петок е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за...

ИНФО

159 санкции за непрописно вградени фолии

Во периодот од 01.11.2023 до 30.11.2023  Министерството за внатрешни работи спроведе акциска...

ИНФО

Промоција на првите броеви на меѓународното научно списание „Балкански хип-хоп студии“

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ вечер ќе бидат промовирани првите два...

ИНФО

Издадени 23 одобренија за градба, од јуни заклучно со ноември

Општина Центар минатата година започна со објавување на полугодишни извештаи за издадените...