МАГАЗИН

ПО 8 ГОДИШНАТА БОРБА НА ШЕНЕН ДОЕРТИ СО РАКОТ: „Метастазите ми се проширија и на мозокот“

Американската глумица Шенен Доерти, најпозната по улогата на Бренда во тинејџерската серија „Беверли Хилс 90210“, ги извести обожавателите дека ракот ѝ се проширил на мозокот.

„На 5 јануари, скенирањето покажа метастази во мојот мозок. Вчерашното видео го прикажува процесот на прилагодување на маската што ја носите за време на зрачењето на мозокот. На 12-ти јануари се одржа првиот круг на зрачење”, напиша Доерти споделувајќи видео од себеси в болница.

Потоа им се заблагодарува на своите, како што вели – одлични лекари и неверојатни техничари.

„Но тој страв… Превирањата… Времето и одредените мигови минати тука и сè тоа… Еве како може да изгледа ракот“, додаде таа.

Нејзе ѝ беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година. По мастектомијата, година подоцна болеста беше во ремисија, но веќе во 2019, Шенен дозна дека ракот ѝ се вратил, се проширил и оти е во четврта фаза.

Претходно годинава беше објавено и дека Доерти се разведува од нејзиниот сопруг Курт Исвариенко, со кого се омажи во октомври 2011 година. Нејзината гланоговорничка Лесли Слоун посочи оти причината за разводот е друга жена.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Францускиот документарен филм „Дахомеј“ победник на Берлински филмски фестивал

Добитник на Златната мечка за најдобар филм на годинашниот 74 Берлински филмски...

МАГАЗИН

Педијатрите откриваат која храна е забранета за нивните деца

Пред да се одлучат за деца, идните родители вообичаено замислуваат како да...

МАГАЗИН

Откриен целосен фосил на подводен диносаурус во Кина

Меѓународен тим научници открија целосен фосил на подводен рептил „Диноцефалосаурус ориенталис“ (Dinocephalosaurus...

МАГАЗИН

Намирници што треба да се избегнуваат во борбата со висок притисок

Во борбата со висок крвен притисок, т.е. хипертензија, еден од најважните чекори...