МАГАЗИН

Во кои европски градови се живеат најубави пензионерски денови

Американското списание US News & World Report состави листа од 10 градови во Европа каде што пензионирањето и животот потоа се прифатливи, удобни и возбудливи.

Така, најдобри градови се Тавира и Каскаиш во Португалија, Париз и Анеси во Франција, Пафос на Кипар, Округот Клер во Ирска, Пополи во Италија, Валета во Малта, но и Љубљана во Словенија и Котор во Црна Гора.

Говорејќи за Љубљана, се вели дека главниот град и „срцето“ на Словенија, е блиску до брегот на Средоземното Море, а има и бројни скијачки центри, како современ, модерен град со сите погодности на 21 век, но со шармот на еден мал град.

Котор, пак, е опишан како место опкружено со високи планини и Јадранското Море. Покрај природните убавини, се посочува и оти овој град е под заштита на УНЕСКО и е еден од најдобро сочуваните градови на Средоземјето. Посебно се истакнува и младешката енергија на гратчето, како безбедно и гостопримливо место, слично со помалите градови во Италија, само со попристапни цени

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Францускиот документарен филм „Дахомеј“ победник на Берлински филмски фестивал

Добитник на Златната мечка за најдобар филм на годинашниот 74 Берлински филмски...

МАГАЗИН

Педијатрите откриваат која храна е забранета за нивните деца

Пред да се одлучат за деца, идните родители вообичаено замислуваат како да...

МАГАЗИН

Откриен целосен фосил на подводен диносаурус во Кина

Меѓународен тим научници открија целосен фосил на подводен рептил „Диноцефалосаурус ориенталис“ (Dinocephalosaurus...

МАГАЗИН

Намирници што треба да се избегнуваат во борбата со висок притисок

Во борбата со висок крвен притисок, т.е. хипертензија, еден од најважните чекори...