Во сабота, со почеток во 12 часот на Школка во Градскиот парк ќе се одржи гастрономски настан „Вкуси ја Франција“, во организација на Францускиот институт во Скопје.
Настанот е од отворен карактер и има за цел да ја доближи француската гастрономија до домашната публика преку специјалитети симболични за Франција.
За музичкиот амбиент со француска музика ќе се погрижат пејачката Мијата и диџеј Зоки Бејбе.
Главен покровител на настанот е винарската визба Тиквеш, а партнери се СУГС „Лазар Танев“, ФЈ кулинарско школо и Боттега дел Вино.
Производите ќе се продаваат по симболични цени, а винарската визба „Тиквеш“ ќе понуди дегустација на нивните вина.
Во случај на дожд, ќе има обезбедено шатори.
Leave a comment