КУЛТУРА

Со проекција на „Мементо“, како дел од европските филмски класици, Кинотеката ќе ја одбележи 60-годишнината од разорниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 г

Филмот „Мементо“ на Димитрие Османли е еден од деветте филма на земјите-партнери на „Филм Нова Европа“, кои ќе бидат дел од четвртото издание на проектот „Сезона на филмски класици“, организирана од страна на АЦЕ (Асоцијација на европските кинотеки). Од јуни до декември 2023 година, со проекции низ различни европски кина, како и бесплатни „онлајн проекции“, овие филмови ќе бидат прикажани во рамките на овој проект, кој има цел да го промовира заедничкото културно наследство преку т.н. „херитиџ филмови“ (филмско наследство), со особен акцент кон привлекување на младата публика.

Оваа година Кинотеката на програмата на „Сезона на филмски класици“ ќе го прикажува филмот на Османли, снимен во 1967 година, кој ја раскажува приказната за Јана, која низ разговори и реминисценција со германскиот диригент Вили Милер се сеќава на нејзиното минато и семејната трагедија што ја доживеала во катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Со оваа проекција на „Мементо“, како дел од европските филмски класици, Кинотеката ќе ја одбележи 60-годишнината од разорниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 г.

Во програмата „Сезона на филмски класици“, оваа година се вклучени повеќе од 20 институции што се грижат за европското филмско наследство, вклучувајќи ги Југословенската кинотека – Југословенскиот филмски архив од Белград, Националниот филмски институт – Унгарија – Филмската архива од Будимпешта, Словенечката кинотека од Љубљана, Чешкиот филмски архив од Прага, Кинотеката на Македонија од Скопје, Бугарскиот национален филмски архив од Софија, Кинотеката на Националниот архив на Естонија од Талин и Државниот архив на Хрватска – Хрватската кинотека од Загреб. За време на Канскиот филмски фестивал, на 19 мај 2023 г., Асоцијацијата на европски кинотеки (АЦЕ) објави дека Националниот филмски институт на Унгарија – за филмот „По смртта“ на Алфред Дези – е добитник на грантот наменет за заедничка реставрација, чиј буџет изнесува 40.000 евра. Филмот ќе биде реставриран заедно со Белгискиот национален филмски архив и Француската кинотека.

Жирито, кое одлучуваше за доделувањето на грантовите, беше составено од режисерите Раду Жуде од Романија и Саодат Исмаилова од Узбекистан, генералниот директор на „АРТЕ Франција“ – Оливие Пер, и филмскиот куратор и едукатор – Сесилија Барионуево.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Расте бројот на млади читатели кои го посетуваат Саемот на книга

Различни генерации, различни интереси за одредени книжевни жанрови на годинашниот Саем на...

КУЛТУРА

Режисерот Срѓан Драгојевиќ во Скопје за промоција на негова книга поезија во издание на ТРИ

Српскиот режисер Срѓан Драгојевиќ ќе ја промовира својата книга „Чат-пат е добро...

КУЛТУРА

Започна „Крај Вардарот Џез“ – годинашното издание во чест на Мирко Попов

Во пресрет на петтото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“, вчера во...

КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Саемот на книгата, е во одбрана на раскажувачите и писменоста

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, по повод отворањето на 36. издание на Саемот...