АКТУЕЛНО

Скопје ќе го добие првиот културно иновациски парк

Владата на вчера одржаната седница ја разгледа и усвои Информацијата од Канцеларијата на претседателот на Владата, за Иницијативата за формирање хибридни младинско иновативни центри на територија на Република Северна Македонија поднесена од граѓанските организации: Асоцијацијата на Старт ап заедницата на Република Северна Македонија „СТАРТАП МАКЕДОНИЈА“ и меѓународно здружение на граѓани „КУЛТУРНО ЕХО – Скопје“.

Со одлука на Владата ќе започнат активности за формирање мешовита установа помеѓу Владата и Асоцијацијата на Старт ап заедницата на Република Северна Македонија „СТАРТ АП МАКЕДОНИЈА“ и меѓународно здружение на граѓани „КУЛТУРНО ЕХО – Скопје“.

„Ваков тип установа, ќе придонесе кон афирмирање и употребување на капацитетот на младите луѓе, нивните идеи и креативност, како одраз на заложбите на Владата за задржување на успешните кадри во нашата земја, преку можностите да ги реализираат своите капацитети во државата, какви што примери има во Љубљана, Тирана, Стразбур, Приштина“, велат од Влада.

Процесот предвидува формирање мултифункционален и интердисциплинарен парк, којшто ќе придонесе за зголемување на понудата на културни и едукативни содржини, обуки за развој на бизнис и уметничко изразување, како и други активности, со цел создавање услови за младите кои сакаат да започнат сопствен бизнис, но сѐ уште немаат доволна финансиска и логистичка поддршка за негова реализација, појаснуваат надлежните.

За координатор на активностите поврзани со активностите за формирање мешовита установа помеѓу Владата и Асоцијацијата на Старт ап заедницата на Република Северна Македонија „СТАРТАП МАКЕДОНИЈА“ и меѓународно здружение на граѓани „КУЛТУРНО ЕХО – Скопје“, е назначен Васко Кичевски, секретарот за јавни политики, координација и следење на програмата на Владата и на други стратешки планови, проекти и инвестиции, поврзани со приоритетите на претседателот на Владата.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Од утре стартува дневната евтина тарифа на струјата

Од утре стартува евтината дневна тарифа на струјата во периодот од 13...

АКТУЕЛНО

Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздух што ќе се постави кај Цементарницата

Општина Кисела Вода вчера го распиша огласот набавка на мерна станица за...

АКТУЕЛНО

Скопската зоолошка градина демантира дека немаат адекватен кадар за грижа за животните

Скопската зоолошка градина има двајца дипломирано ветерирани со полно работно време кои...

АКТУЕЛНО

Започна реконструкцијата на улицата „Калош Дани“ во Карпош

Започна реконструкцијата на улицата Калош Дани во општина Карпош. Екипите на јавното претпријатие...