Секој хороскопски знак ќе има интересна недела кога е љубовта во прашање, но Рибите сепак ќе ја имаат највозбудливата недела.
Еве што очекува секој хороскопски знак кога е љубовта во прашање:
ОВЕН
Ќе бидете многу енергични и уште попривлечни од вообичаено, па ќе привлечете големо внимание. Ова внимание најмногу ќе ви биде непосакувано, бидејќи ќе барате нешто посебно што ќе остави трага во вашиот живот, а не минлива авантура.
БИК
Ќе бидете многу живи во наредниот период и заинтересирани за љубов. Може повторно да се поврзете со некој од вашето минато. На некој кој моментално не живее во ваша близина, можеби веќе не ни во истата земја. Ова ви овозможува да започнете врска на далечина.
БЛИЗНАЦИ
Можно е острите зборови и претераните критики од минатата недела да ве чинат многу, па за среќа овој пат нема да бидете во истиот филм. Многу подобро ќе се согласувате со сите, вклучително и со партнерот, а можно е и плодно познанство доколку сте сами.
РАК
Следната недела ќе бидете многу страствени и пред се заинтересирани за физички контакт со личноста која ви се допаѓа. Внимавајте поради ова да не бидете погрешно разбрани, бидејќи секогаш е потребно вешто да се балансираат емоциите и страстите за врската да биде хармонична.
ЛАВ
Немавте среќа овие денови кога се во прашање врските, особено романтичните. Лоша комуникација и нервоза, нестабилност и кавги, сето тоа беше дел од вашата љубов и секојдневие. Затоа ќе се обидете да го поправите оваа недела.
ДЕВИЦА
Не се случува многу позитивно во вашиот љубовен живот во моментов. Се чини дека не можете да најдете заеднички јазик со саканата личност, но на овој проблем во наредниот период ќе му дојде крајот. Ќе треба да се потрудите да бидете потопли и поизразени.
ВАГА
Добро ќе се сложувате со партнерот, но некои лични проблеми кои ќе се појават може да ја оптоварат врската. Ќе мора да се справите со нив и да бидете многу поинтроспективни доколку сакате да имате хармоничен љубовен живот.
СКОРПИЈА
Ќе го коригирате она што не беше во ред во вашата врска, бидејќи имавте можност изминативе денови да забележите дека има на што да работите. Исто така, ако сте слободни, може да развиете романтични чувства кон некој од вашиот круг на пријатели.
СТРЕЛЕЦ
Ќе се чувствувате ограничени од ситуацијата во љубовниот живот. Родени сте да плените со енергија и оптимизам, но понекогаш тоа ве заморува. Тоа ќе се случи пред се поради вашиот избор на партнер и нестабилноста во врската, предизвикана од нервозата на партнерот.
ЈАРЕЦ
Можна е врска со некој кој е ваш претпоставен или сте ја запознале оваа личност преку работа. Ќе барате сигурна опција, па ќе се движите во кругот на веќе познати личности и можно е да се вратите на стара љубов и да ја обновите таа врска.
ВОДОЛИЈА
Можно е да запознаете некој сосема нов или барем да имате потреба да направите промена и да започнете сосема нова врска. Ако веќе сте во врска, ќе има проблеми во врската бидејќи нема да бидете доволно толерантни.
РИБА
Ова нема да биде особено возбудлива недела, но сигурно ќе има значајни настани на љубовен план. Ќе научите многу за себе и за потребите на вашата врска, како и за вашиот партнер. Особено во однос на несигурностите и обврските во врската.
Leave a comment