АКТУЕЛНО

Зоран Трифуновски именуван за нов директор на Железници

Владата на денешната седница го именува Зоран Трифуновски за нов директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Република Северна Македонија – Скопје.

Трифуновски доаѓа на местото на Хари Локвенец, кој денеска поднесе оставка. Оставката, како што изјави за МИА, ја поднел од лични причини.  Локвенец беше на функцијата директор на ЈП ЖРСМ – Инфраструктура од ноември 2020 година.

– Владата заклучи да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, да го разреши Хари Локвенец од должноста директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Република Северна Македонија – Скопје, на негово барање. За в.д директор е одлучено да биде именуван Зоран Трифуновски, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...