АКТУЕЛНО

АХВ: Одбележување на Светскиот ден на безбедна храна

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), по петти пат годинава, се приклучува на глобалната иницијатива на Светската организација за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО за одбележување на 7 јуни- Светски ден на безбедна храна. На настанот ќе се обратат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски.

Под мотото „Стандарите за храна спасуваат животи“ годинава АХВ пеку стручни презентации на претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, Светската здравствена организација, претставникот на ФАО за Македонија, Организацијата на потрошувачите и од факултетите за ветеринарна медицина и земјоделски науки и храна, ќе се осврнат на прашањата кои се однесуваат на мониторинг програмите за безбедност на храната и контролата на резидуи од ветеринарно – медицински препарати на храната од животинско потекло, употребата на здравствените тврдења и измамите кои произлегуваат од нив, стои во соопштението на АХВ.

На настанот, во презентациите, акцент ќе биде ставен и на улогата на АХВ како контакт точка на Системот за брзо известување за небезбедна храна на Европската унија (RASSF), стандардите за безбедност на природните минерални и изворски води, безбедносните услови за ставање во промет на храната од животинско потекло, од домашно производство и од увоз и во светски рамки се поактуелните прашања за храната произведена со иновирани технологии.

Панелистите ќе се осврнат и на темите кои несредно се однесуваат на потрошувачите и потрошувачките права, гледано од аспект на невладионот сектор и државните институции, додаваат од АХВ.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“ победник на ораторската вечер „Иво Пухан“

Студентката Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и...

АКТУЕЛНО

Ќе се постават 15 велосипедски паркинг- држачи во основните училишта и две сервисни станици

Основните училишта на територијата на Општина Гази Баба ќе добијат велосипедски паркинг-...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош добива овластен просветен инспектор во образованието

Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот...

АКТУЕЛНО

За една недела „пајакот“ крена 224 непрописно паркирани возила во Центар

За една недела на територија на општина Центар казнети се 224 возачи...