АКТУЕЛНО

СКОПЈАНИ ЌЕ ПЛАТАТ НАД 2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОЕКТ ШТО НИКОЈ НЕ ГО ВИДЕЛ

Градските советници изгласаа да се реконстуира главната улица во Чаир, Цветан Димов иако не знаат како, кога, и што предвидува проектот

Над 2 милиони евра пари на граѓаните ќе даде Град Скопје за изградба на улицата Цветан Димов. На последната седница на Советот на Град Скопје, советниците со 30 гласа ‘ЗА’, 2 ‘ПРОТИВ’ и 4 ‘ВОЗДРЖАНИ’ ја прифатија предлог-одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Градот и Општина Чаир. Иако оваа точка која неколкупати претходно беше дискутирана на советот имаше расправии по неа особено околу висината на парите но и нетранспарентноста на целиот проект, сепак мнозинството одлучи за неполн месец да го смени мислењето да се дадат 140 милиони за реконструкција на Цветан Димов.

„Не е прв пат, пред нас да се стават проекти кој не сме ги виделе и буквално да плаќаме на слепо пари, кои во овој случај се 20% од вкупниот буџет на Град Скопје. На овој потег има над 100 стари дрвја кој буквално значат живот за мештаните на овој дел од Скопје. Проблемот со оваа улица секако мора да се реши но не на овој начин туку заеднички да се изнајде решение за да не се повтори сценариото со улицата Васко Карангелевски која сега е претворена во пустина“, изјави на говорницата Драгана Велковска од Зелен Хуман Град.

Потврда дека со повеќе од 2 милиони евра ќе се реконстуира Цветан Димов дадоа и советниците од Општина Чаир кои ја изгласаа меѓуопштинската соработка со Град Скопје.
Проектот предвидува изработка на нова проеткна документација иако веќе има проект за оваа улица и може да се ревидира, како и изградба на улицата Цветан Димов на потег од крстосницата со бул.Никола Карев до крстосницата со улиците Џон Кенеди и Христијан Тодоровски Каропош.

„Сакам граѓаните да знаат кој денес гласал за хипотетички проект кој ќе донесе тешки последици за кои не сме ни свесни. Ако се опустошат дрвјата на овој потег, луѓето буквално ќе паѓаат по улици од жештина. Но, после се ќе биде доцна“, истакна советникот Амар Мициновиќ.
Засега нема информации кога е планирано да се отпочне со реконструкција на оваа примарна улица на главниот град ниту се знае динамиката на проектот со оглед дека се работи за фреквентна улица која поврзува два дела од градот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

АКТУЕЛНО

Град Скопје воведува нова биокомпостара за ефикасно третирање на органскиот отпад

Градоначалничката на Град Скопје, заедно со екипи од скопските јавните претпријатија, ја...

АКТУЕЛНО

4.700 основци од Бутел ќе добијат бесплатни униформи

4.700 основци на територија на општина Бутел ќе добијат бесплатни училишни униформи....

АКТУЕЛНО

БУБАМАРАТА НА ДНК СЕ ПРОДАДЕ ЗА 250 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: Донирани 690 илјади денари за лекување на младиот Леонид

Групата ДНК ја објавија на лицитација бубамарата што ја добија, со цел...

АКТУЕЛНО

Наредната сезона ќе профункционира градинката „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за...