КУЛТУРА

Скопска премиера на претставата „Драги уметници” во театар „Чекори”

На 8 јуни (четврток), со почеток од 20:00 часот, театарот „Чекори” премиерно пред скопската публика ќе ја изведе својата нова претстава „Драги уметници”, во режија на Маја Ѓурчевска.
Претставата спаѓа во жанрот крими-комедија и е спој од две едночинки, експериментално поставени во една целина. Пред десетина дена за првпат беше изведена на фестивалот ДАФ во Кочани, каде што освои три награди.
Улогите ги толкуваат  Марко Џамбазоски, Даниел Гочевски, Никола Кузманоски, Тамара Стојановска, Никола Димевски, Давид Димоски и Михаил Митевски.
Театарот се наоѓа во скопската населба Автокоманда, во склоп на Домот на култура ,,Димитар Влахов”, а картите можат да се набават на самиот влез, пред почеток на претставата, по цена од 150 денари.
Со своето 49 годишно постоење Театар ,,Чекори” е најстариот алтернативен театар во Македонија.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Министерството за култура го објави конкурсот за Град на културата за 2024 година

Министерството за култура го објави конкурсот за финансирање проект од национален интерес...

КУЛТУРА

Седмо издание на „Винодонија“ на 8. и 9. декември во Скопје

На 8 и 9 декември во Скопје ќе се одржи седмото издание...

КУЛТУРА

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ во Драмски театар Скопје

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ вечерва ќе се одржи во Драмскиот...

КУЛТУРА

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе, ќе се изведе на сцената на Националната...